ИТНО КОПЧЕ И ПОВИК ЗА ТРАНСПОРТ Нови услуги за лицата со инвалидитет и за самци над 65 години

Црвениот крст и Град Скопје денеска ја промовираа услугата „Итно копче“ наменета за обезбедување сигурност на лицата над 65 години, кои ќе имаат уред, кој секогаш ќе го носат со себе и ако се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност, треба да го притиснат копчето и да го алармираат тимот од Црвениот крст.

308

Црвениот крст на Град Скопје од 15 мај 2022 година ќе почне со услугата превоз на лица со посебно опремени наменски возила, наменета за стари и лица со инвалидитет.

– Со овој проект со наменски возила се врши превоз на лица, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална или друга административна услуга, поради старост, болест, неможност или потешкотии при самостојно движење, потреба од придружник односно негувател или личен асистент, врз основа на наод од стручно лице за потребата од користење услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат – изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на денешното потпишување Платформа за унапредување на соработката помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Градот Скопје во делот на подготвеност и одговор во случај на катастрофи.






Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје истакна дека ова е нова услуга наменета за стари и инвалидизирани лица и станува збор за посебен транспорт кој ќе им го олесни движењето низ градот без разлика дали корисниците на услугата имаат потреба од лекарски преглед или пак посета на некој административен објект.

– На располагање се две посебно опремени наменски возила, каде се закажува место за превоз најмалку 24 часа пред денот и терминот за извршување на одредена обврска. Едното возило е наменето за лица кои имаат потешкотии во движењето, но сепак можат да бидат во седечка положба, а другото возило е за лица кои мора да се пренесуваат во лежечка положба, при што дневно може да се излезе во пресрет на осум до десет граѓани – истакна Тунева Пауновска.

Истовремено, промовирана е и услугата „Итно копченаменета за обезбедување сигурност на постарите лица над 65 години.

– Станува збор за услуга која е нова во регионот, но во дел од европските земји се спроведува со години. Целта е да се обезбеди сигурност на постарите лица над 65 години, со тоа што секогаш кога ќе се најдат во состојба на итност да можат да се јават на тимот на Црвениот крст Скопје/ Обучени лица ќе доаѓаат на терен и ќе направат проценка што треба да се направи – рече Арсовска.

Предност за оваа услуга ќе имаат лицата кои живеат сами. Во оваа фаза ќе бидат вклучени лица над 65 години, кои се веќе постоечки корисници на услугата „помош и нега во домот“ во рамките на Црвениот крст.

Лицата ќе имаат Итно копче, уред, аларм, кој секогаш ќе го носат со себе и доколку се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност со притискање на копчето алармираат посебен тим кој веднаш ќе излезе на терен и ќе дојде на помош. Во тимот заедно ќе работат бројни волонтери меѓу кои возачи, животоспасувачи, телефонски оператори, психолози, социјални работници.

 

Поврзани содржини