„ИТНО ДА СЕ ИНСТАЛИРА ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ ВО МАЛА РЕЧИЦА“ Тие веруваат во нивните лаги, ама не и Албанците, реагира Вреди

Ако ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците зошто на престојните локални избори најголемиот број албански општини ги отстапи на други кандидати, прашува Вреди.

230

Членството на Вреди ќе иницира донаторска акција за купување детектор за лаги кој треба под итно да се инсталира во Мала Речица, реагира коалицијата Вреди.

„Количеството на лаги кои ДУИ ги пласира на секој нивен јавен настап е толку дрско, што со право јавноста се сомнева дека почнале да веруваат во сопствените измислици, што како синдром влегува во доменот на медицинската наука. Притоа, граѓаните и јавноста се збунети. Кога го слушаат Бујар Османи добиваат впечаток дека тој е во заблуда дека се кандидира на претседателски, а не на локални избори. А тој пустиот, бидејќи никогаш немал контакти со жителите на Чаир, а реално не му се познати надлежностите на општината, бара сламка за спас во национални теми“, соопшти Вреди.






Затоа, со многу логични прашања ќе се обидеме да разобличиме три стандардни лаги на штабот од Мала Речица, се додава во соопштението.

„Лага број 1: ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците! Тогаш зошто на престојните локални избори ДУИ најголемиот број на албански општини ги отстапи на други кандидати? Зошто „легитимната“ ДУИ се крие зад коалиционите партнери ? Лага број 2: Обзнанувањето на соработката на ДУИ со Левица наводно биле очајнички конструкции со кои се подготвувало членството на Вреди за пораз. Зошто Бујар Османи бара одговорност од Изет Меџити за пожарите на депониите, а свесно и со умисла ја заборави Данела Арсовска која има директна надлежност врз депониите? Чиј почесен конзул беше Данела Арсовска и каква улога имаа Никола Груевски и Блерим Беџити во нејзиниот оркестриран напад врз Чаир? Дали соработката на ДУИ и Левица во Град Скопје сега е проширена и надградена и во албанските општини?“, соопшти Вреди.

Лага број 3: Селотејп коалицијата на Ахмети, Таравари и Села е најголемото обединување на Албанците во последните 20 години, додава Вреди.

„Дали обединувањето на овие тројца исклучиво со цел затскривање на корупциските скандали со Соравија, Ѓока Констракшн и Дака Давидович и многу други афери, може некој да помисли да ги претставува како албанско обединување? Зарем Ахмети и Бујар до толку ја потценуваат интелигенцијата на Албанците на кои им е јасно дека трикот со АКИ селотејп коалицијата е да се амортизира незадоволството од криминалните афери на ДУИ? Навистина е жално да се гледа една партија како ДУИ да паѓа на вакво дереџе. Но, Македонија видела и други вакви примери, особено кога се распадна историското ПДП“, соопшти Вреди.

Со вакво поведение Бујар Османи навистина придонесува локалните избори да станат референдум – против ДУИ, се додава во соопштението.

ДУИ денеска соопшти дека премиерот Христијан Мицкоски е свесен за неминовниот пораз што го очекува неговиот политички проект и неговиот албански вазал, Вреди.

„Албанците јасно разбраа дека Вреди не е нивниот избор, туку инструмент на Мицкоски за да ги држи Албанците покорени. Кандидатите на Вреди немаат никаква легитимност, затоа што се инсталирани од ВМРО-ДПМНЕ и се само фасада на една антиалбанска политика што има за цел да ги врати Албанците назад, во периодите пред 2001 година. Вистината е дека Албанците никогаш нема да прифатат да бидат претставувани од такви вазали. Резултатот на локалните избори ќе биде толку јасен, толку недвосмислен, што ќе ја натера државата да се соочи со предвремени парламентарни избори. Мицкоски може десетици пати да го повторува спротивното – но гласот на Албанците на 19 октомври ќе го направи невозможно бегството од оваа реалност“, соопшти ДУИ.

На 19 октомври, Албанците ќе зборуваат со еден глас, ќе покажат дека единствениот референдум е слободниот глас и самите ќе ги изберат своите претставници, соопшти ДУИ.

Поврзани содржини