ИТНА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ Нафта за ЈСП од државните резерви
Се очекува Владата да одлучи да му позајмува гориво на Градот Скопје сè додека не се надмине проблемот со набавката на нафта за ЈСП.
Владата во 14 часот закажа итна седница на која ќе расправа за катастрофалната состојба во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, потрдија за Плусинфо владини извори. На седницата министрите ќе расправаат и ќе одлучат да му доделат гориво на Градот Скопје од државните резерви, со цел автобусите од јавниот градски превоз да можат да ја вршат функцијата.
Се очекува Владата да одлучи да му позајмува гориво на Градот Скопје сè додека не се надмине проблемот со набавката на нафта за ЈСП.
Од денеска Скопје целосно е без јавен превоз затоа што ЈСП нема нафта за автобусите. Граѓаните се оставени на цедило, а илјадници работници и ученици денеска останаа дома.
Денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.
Советничката група на СДСМ денеска предложи три мерки за надминување на кризата во Скопје и во ЈСП.
Утре во 13.30 часот пред Град Скопје ќе се одржи протест во организација на жителите на Шуто Оризари, а студентите најавија дека ќе се приклучат.