ИТНА СЕДНИЦА НА СУДСКИОТ СОВЕТ Ќе се одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов за кој Обвинителството бара куќен притвор
Кривичниот суд денеска информираше дека Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција им доставило предлог за определување мерка куќен притвор и за дополнителни мерки за обезбедување присуство на осомничениот судија.
Судскиот совет ќе одржи итна седница на која ќе расправа и ќе одлучи за по барањето на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и за одобрување на предлогот за куќен притвор.
Кривичниот суд денеска информираше дека Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција им доставило предлог за определување мерка куќен притвор и за дополнителни мерки за обезбедување присуство на осомничениот судија.
„Предлогот е распределен кај судија на претходна постапка кој веднаш достави известување до надлежниот Судски совет од каде се очекува одговор, по што судијата ќе продолжи со постапување“, информираше Кривиниот суд.