Итна седница на Советот за безбедност за Нагорно-Карабах

394

Утре ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно-Карабах, каде се водат судири меѓу ерменските и азербејџанските безбедносни сили.

Сесијата ќе се одржи на барање на европските земји, изјавија дипломатски извори за АФП.






Германија и Франција ја покренаа иницијативата, но ја поддржаа и други европски земји – Естонија, Белгија и Велика Британија, наведоа истите извори вечерва, додавајќи дека сесијата ќе биде зад затворени врати.

Според последниот биланс, во конфликтот досега загинале најмалку 67 лица.

Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно-Карабах, област со мнозинство Ерменци, која беше анектирана од Азербејџан за време на советската ера.

Во судирите за контрола на Нагорно-Карабах помеѓу 1988 и 1994 година загинаа 30 000 луѓе, а стотици илјади избегаа.

Примирјето беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан. Оттогаш, повремено избиваат конфликти во областа.

Областа се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.

Поврзани содржини