ИТНА ПОПРАВКА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Реката е загадена, земјоделските култури се во ризик, предупредува Бајовски

Жителите на селата и викенд населбите го чувствуваат резултатот на запоставеноста на ваквите важни инфраструктурни проекти - непријатна миризба, потенцијално загадување на бунарите и ризик за земјоделските култури што го одржуваат локалниот стандард. Проблемот не е нов, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски.

50

Видеоматеријалот објавен денес јасно ја документира состојбата на терен во Чучер Сандево: пречистителната станица во општината не работи, а нашите води остануваат загадени, со директни последици врз здравјето на граѓаните и животната средина, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски.

– Жителите на селата и викенд населбите го чувствуваат резултатот на запоставеноста на ваквите важни инфраструктурни проекти – непријатна миризба, потенцијално загадување на бунарите и ризик за земјоделските култури што го одржуваат локалниот стандард. Проблемот не е нов: очекувањата за функционална пречистителна станица беа дел од ветувањата што ги слушавме во претходните изборни циклуси, но реалната интервенција изостана со години. Незавршени реконструкции и неодговорно одржување, граѓаните бараат итна ревизија на проектната документација и брза анализа на причините за нефункционирањето – вели Бајовски.






Тој нагласува дека решението за овој проблем бара координирана акција на три нивоа: локална власт, Град Скопје и централна владина поддршка за финансирање и за обезбедување на експертски капацитети.

Во програмата се предлагаат конкретни чекори, додава тој, јавно објавување на извештајот за техничката состојба, формирање работна група со независни експерти, јасен временски план за рехабилитација и механизам за надзор на трошоците.

– Не дозволуваме повеќе изговори – пречистителната станица ќе биде репарирана и функционална, финансирањето ќе биде обезбедено, а процесот ќе биде транспарентен, затоа што нашите сограѓани заслужуваат чиста вода и безбедна околина – изјави кандидатот за градоначалник Бајовски.

Здравјето и водоснабдувањето се меѓу највисоко рангираните приоритети меѓу жителите во Чучер Сандево, а гласачите ќе ја увидат разликата меѓу ветувањата и реализацијата на координираните проекти со Град Скопје и Владата, додава тој.

Од сегашната локална власт до овој момент нема конкретна временска рамка за решавање на проблемот, туку само празни ветувања, што ја продлабочува недовербата меѓу граѓаните на општина Чучер Сандево – се бара отчетност и промена!

Поврзани содржини