ИТЕН СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ВО ОН Путин ја крена на нозе Европа

Министрите за надворешни работи на ЕУ се во Њујорк на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации. Тие подоцна вечерва ќе одржат состанок.

627

Министрите за надворешни работи на Европската унија подоцна вечерва ќе одржат итен состанок во Њујорк, соопштија дипломати. Состанокот ќе се одржи откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација во Русија, објави Ројтерс.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се во Њујорк на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации.






Путин претходно денеска изјави дека станува збор за делумна мобилизација, односно за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резервистите, а пред сѐ на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство, пренесе АП.

Тој нагласи дека ги брани руските територии и дека Западот сака да ја уништи Русија.

Поврзани содржини