ИТЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ МЕЃУ АВГАНИСТАН И ПАКИСТАН Разговорите ќе продолжат, соопшти МНР на Катар

Двете земји соопштија дека водат мировни разговори во Доха, откако во судирите загинаа десетици, а стотици беа повредени во најлошото насилство меѓу Авганистан и Пакистан откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во 2021 година.

83

Авганистан и Пакистан се согласија за итен прекин на огнот за време на разговорите што ги организираше Катар, соопшти изутринава Министерството за надворешни работи на Катар.

Договорот слединеѓу двата јужноазиски сосед и следи по една недела жестоки судири.






Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека Авганистан и Пакистан се согласиле за примирје за време на вчерашните разговори со посредство на Катар и на Турција.

Кабул и Исламабад се согласија да одржат дополнителни состаноци во наредните денови „за да се обезбеди одржливост на примирјето и да се потврди неговото спроведување на кредибилен и одржлив начин“.

Двете земји претходно соопштија дека водат мировни разговори во Доха, откако во судирите загинаа десетици, а стотици беа повредени во најлошото насилство меѓу Авганистан и Пакистан откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во 2021 година.

Официјални претставници од двете земји претходно изјавија дека се очекува авганистански и пакистански делегации, предводени од нивните министри за одбрана, да се сретнат во Доха.

Граничниот конфликт ескалираше на 10 октомври, при што и Исламабад и Кабул изјавија дека реагираат на вооружени провокации од другата страна.

Поврзани содржини