Италијанските компании може да загубат и до 650 милијарди евра
Во тој случај се очекува дека 750.000 компании во 200 различни сектори да загубат 650 милијарди евра оваа и следната година, предупредуваат експертите.
Приходите на компаниите во Италија би можеле да се намалат за 17,8 проценти во однос на претходната година доколку епидемијата на коронавирусот продолжи до крајот на годинава, пренесува „Ројтерс“.
Во тој случај се очекува дека 750.000 компании во 200 различни сектори да загубат 650 милијарди евра оваа и следната година, предупредуваат експертите.
Завршувањето на епидемијата до мај може да доведе до пад на приходите од 7,4 проценти во однос на претходната година.
Аналитичарите сметаат дека епидемијата на коронавирусот претставува еден од најтешките удари за италијанската економија уште од Втората светска војна. Најмногу погодени сектори се туризмот и автомобилската индустрија.
Италијанската економија се очекува да закрепне во 2021 година.