Италијанските градоначалници со пцости им се обраќаат на несовесните сограѓани (ВИДЕО)
До мене пристигнаа вести дека ќе се организираат матурски прослави. Ќе ви ги испратам карабинерите, но ќе ги испратиме со фрлачи на пламен, вели еден градоначалник.
Бројките кои секој ден пристигнуваат од Италија во врска со новозаразените и починатите од Ковид-19 се навистина страшни. Оваа земја во моментов се наоѓа на второто место во светот според бројот на инфицирани, зад Кина, додека нов лидер се САД.
Поради тоа на Интернет се појави видео со неколку градоначалници од оваа земја, кои дури и со погрдни зборови се обрќаат кон нивните несовени жители, кои и покрај бројните мерки што се воведени за спречување на овој вирус, сепак не ги почитуваат.
– До мене пристигнаа вести дека ќе се организираат матурски прослави. Ќе ви ги испратам карабинерите, но ќе ги испратиме со фрлачи на пламен – вели еден градоначалник.
– Да знаете дека сите ќе бидете приведени. Не за една година, туку утре. УТРЕ!!! Јас сум градоначалник и нема да дозволам да се шеткате наоколу во мојот град. Велите дека по закон не можам да ви забранам да ги напуштите домовите? Добро, тогаш ќе ви забранам да чекорите до јавна површина, освен ако не неопходно – изјави друг.
– Сега ќе ви се обратам на сите. Каде … одите? Каде одите со тие ваши миленици, како да имаат воспаление на простатата, чим ги изнесувате надвор по сто пати на ден? – вели лутиот градоначалник.
– Не може да играте тука пинг-понг, одете дома и играјте видео-игри. Јас сум градоначалник, а градот објави декрет и јас ќе ве натерам да го почитувате! Нема изговори! Веднаш да си одите дома и сите да останете таму! Дали треба да ви се нацрта? Не може да се движите по улиците! – им се обрати првиот човек на Бари на своите сограѓани.
Scene kao iz Felinijevih filmova. Gradonačelnici italjanskih gradova pokušavaju da zavedu red među Italijanima…
由 Istok Pavlovic 发布于 2020年3月25日周三
Во текот на изминатите 24 часа 712 лица го загубија животот, 6.203 лица се новозаразени.
Вкупниот број на починати во Италија од коронавирус е 8.215, а бројот на заболени е 80.589, додека излекувани се 10.361 лица. Бројот на активни случаи е 62.013, а пак во критична сотојба се 3.612 лица.