ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕКС-СИМБОЛ ПО КОЈ КОПНЕАТ ЖЕНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ ЌЕ РИПА ВО ТАВЧЕ? Американската пејачка Дав Камерон лебди на облаци со дијамантски прстен на левата рака

Американската пејачка Дав Камерон и италијанскиот музичар Демијан Дејвид сè уште не ја потврдила свршувачката, но странските медиуми објавуваат дека навистина станува збор за веренички прстен со голем дијамант, кој пејачката го покажала додека го држела својот избраник под рака.

1,822

Американската пејачка Дав Камерон и италијанскиот музичар Демијан Дејвид наводно се вериле по две години врска, објавува TMZ. Двојката беше фотографирана во Сиднеј, а на фотографиите е забележливо дека Камерон носи впечатлив прстен на левата рака.

Иако двојката сè уште не ја потврдила свршувачката, странските медиуми објавуваат дека навистина станува збор за веренички прстен со голем дијамант, кој пејачката го покажала додека го држела својот избраник под рака.






Двојката изгледаше опуштено и среќно на фотографиите, а Дав не може да скрие колку е заљубена со погледот кон Демијан.

Тие покажаа и колку се блиски со своите модни комбинации. Двајцата носеа црни панталони и чевли, Демијан носеше и црна тесна маица, додека Дав избра широк црн капут со кремаста маица под неа.

Порано овој месец, Камерон и Дејвид ја прославија својата втора годишнина, а таа му посвети емотивен пост на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DOVE (@dovecameron)

– Најубавите две години од мојот живот. Плачам барем еднаш неделно затоа што животот стана толку убав со тебе. Те сакам на начин што зборовите не можат да го опишат, но никогаш нема да престанам да се обидувам. Среќна годишнина, љубов моја – напиша таа, на што Демијан одговори во коментарите: „Да живее љубовта. Секогаш“.

Славниот пар предизвика гласини за врска во септември 2023 година, кога Дав беше забележана на концертот на Демијан во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Неколку месеци подоцна, таа беше фотографирана и на концерт на Манескин во Бразил, а кратко потоа, парот беше фатен како се бакнува на плажа во Сиднеј. Тие ја потврдија својата врска во февруари 2024 година, кога за прв пат се појавија заедно на црвениот тепих.

Патем, Камерон претходно беше верена со актерот Рајан Мекартан, со кого глумеше во серијата „Лив и Меди“. Тие беа во врска од 2013 до 2016 година. Демијан беше во врска со инфлуенсерката и модел Џорџија Солери речиси шест години, а раскинаа во јуни 2023 година.

Поврзани содржини