Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (53) објави дека неговата двојно помлада девојка, 25-годишната манекенка Шерон Фонсека, родила девојче. Шенон е 28 години помлада од Џанлука.
Италијанскиот плејбој во вторникот открил на Инстаграм дека станал татко, а девојчето го нарекле – Блу Ерусалема Ваки.
„Таа е тука со нас. Шерон и јас сме среќни што можеме да ве известиме дека утрово се роди нашата ќерка – Блу Ерусалема Ваки. Му благодарам на Бога што е здрава и едноставно веќе ја сакаме повеќе од животот“, напишал милионерот.
Манекенката ја споделила истата фотографија на својот инстаграм-профил и напишала дека се благодарни и благословени.
„Нашата ќерка е тука и не можеме со зборови да го опишеме ова искуство и сите емоции кои ги чувствуваме.“
Само еден ден пред породувањето, Џанлука и Шерон објавија видео од болницата на кое заедно танцуваат за „да го мотивираат бебето конечно да излезе“.
View this post on Instagram
Chilling on the boat with all the family❤️💗 @sharfonseca @olaf_elgordo #gvlifestyle