Италијанскиот милионер славел роденден на јахта, кога се појавило семејството Михајловиќ, сите останале без здив ФОТО
Фудбалската сезона во Италија е завршена, а првите денови од одморот Синиша Михајловиќ ги искористил за да отиде на роденденската забава на италијанскиот милионер Џанлука Ваки.
На тренерот на Болоња друштво му правеле ќерките Викторија и Вирџинија и сопругата Аријана, која што блескала покрај него, а големо внимание привлекол неговиот аутфит.
Синиша и неговото семејство биле дел од „избраната група луѓе“ која била поканета на јахтата на милионерот, на која го прославиот повикани на 53-от роденден.
Ваки е роден во Болоња, па веројатно оттука и познанството со Михајловиќ, а медиумите пишуваат дека богатството на овој бизнисмен се проценува на околу 450 милиони долари.
Деталите од својот приватен живот честопати ги објавува на Инстаграм, каде што го следат милиони луѓе.
Инаку, тој сега е во врска со двојно помладата манекенка и водителка Шерон Фонсека, која неодамна ја запроси и со која го очекуваат своето прво дете.
Ваки е познат плејбој, на неговиот шарм „паднале“ многу убавици, а меѓу нив и латино дивата Џенифер Лопез.
Ваки е познат по здравиот начин на живот и љубовта кон скапите мотори и луксузните автомобили, а тој исто така со задоволство го поминува своето време на јахтата и сака да посетува егзотични места.
ФОТО: Инстаграм