ИТАЛИЈАНСКИОТ КАРДИНАЛ ОСУДЕН ЗА ПРОНЕВЕРА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА КОНКЛАВАТА Бечиу ќе се покори на волјата на Франциск

Првично, кардиналот Џовани Анџело Бечиу побара право да учествува на конклавата, но вчера, во понеделникот, стана јасно дека колеџот на кардиналите, кој го одреди датумот за почеток на процесот на избор на новиот папа, не гледал позитивно на овој конкретен развој на настаните.

246

Италијанскиот кардинал Џовани Анџело Бечиу пред кратко време објави дека нема да учествува на конклавата што ќе се одржи на 7 мај за избор на наследник на покојниот папа Франциск, објави Ватикан њуз.

76-годишниот Бечиу рече дека „се покорува на волјата на Франциск“, кој во 2020 година го лиши од сите црковни одговорности, иако тој ја задржа титулата кардинал.






Првично, кардиналот побара право да учествува на конклавата, но вчера, во понеделникот, стана јасно дека колеџот на кардиналите, кој го одреди датумот за почеток на процесот на избор на новиот папа, не гледал позитивно на овој конкретен развој на настаните.

Бечиу започна како близок соработник на аргентинскиот папа, но подоцна беше обвинет и осуден за вмешаност во скандал поврзан со нетранспаренти инвестиции на Ватикан во имот во центарот на Лондон – инвестиција за која папата Франциск не бил информиран.

ТАЈНО ГЛАСАЊЕ, ЦРНИ ЧАДОВИ И МИЛИОНИ НАПРЕГНАТИ ПОГЛЕДИ КОН ОЏАКОТ Како кардиналите го бираат новиот папа?

Поврзани содржини