Амбасадорот на Република Италија Карло Ромео на поранешната пратеничка Владанка Авировиќ ѝ врачи орден за заслуги CAVALIERE DELL ORDINE.
Италијанскиот амбасадор орденот на Авировиќ ѝ го додели за нејзиниот придонес во развој на македонско-италијанските односи како повеќегодишен член и претседател на групата за соработка помеѓу двата парламента.