Италијански мафијаши примале социјална помош
Роберт Панунзи, кој италијанските и американските истражители го сметаат за најважен светски „брокер“ на кокаин, кој се фали дека „не ги брои парите туку ги врзува“, е сопруг на ќерката на еден од главните колумбијски произведувачи на кокаин.
Повеќе од сто мафијаши, членови на калабриската мафија Ндрангета, побарале и примале социјална помош наменета за најсиромашните Италијани, која сега ќе мора да ја вратат, објавила италијанската полиција.
Меѓу 101 мафијаши има и многу богати, блиски до „газдите“ на Ндрангета, кои имаат високи хиерархиски задолженија во организацијата, според соопштението на полицијата од Калабрија.
Меѓу корисниците на помошта е и Алесандро Панунзи, се вели во соопштението.
Роберт Панунзи, кој италијанските и американските истражители го сметаат за најважен светски „брокер“ на кокаин, кој се фали дека „не ги брои парите туку ги врзува“, е сопруг на ќерката на еден од главните колумбијски произведувачи на кокаин.
Со истрагата се опфатени повеќе од 500 осомничени, но само сто ќе мора да ги вратат присвоените пари, вкупно 516.000 евра.
За социјална помош предвиден е износ од 780 евра месечно.