Италијански хирург уапсен, убивал пациенти по операција

500

Италијанската полиција денеска го уапсила шефот на онколошкото одделение на клиниката Торторела во Салерно кај Неапол, под сомнение дека повеќе пати извршил ненамерно убиство откако извел наводно бескорисни или штетни операции на пациенти со карцином, кои потоа починале.

Докторот Кермине Наполитано обвинет е за изведување на хируршки интервенции кои биле штетни и некорисни, соопштила полицијата, пренесува АНСА.






Полицијата изнела податоци дека многу пациенти починале по операциите, а суспендиран е и хирургот на истото одделение Марко Клементе, кој е под истрага.

Двајцата се обвинети за негрижа како при операциите, така и во постоперативното лекување.

Полициската истрага покренала тужба од 2018 година, во која се тврди дека смртностс на клиниката е значително зголемена откако се ангажирани двајцата лекари.

Лекарите Наполитано и Клементе ги негираат обвинувањата за кривичните дека кои им се товарат како и за погрешно лечење и негрижа, наведува агенцијата.

Поврзани содржини