📷 ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет
Принцезата им се обратила на своите 170.000 следбеници од болницата, споделувајќи две фотографии - едната на мотор, другата од болничкиот кревет.
Италијанската принцеза Марија Каролина де Бурбон-Парма (21) доживеа сериозна несреќа со мотор од која едвај преживеа. Принцезата им се обратила на своите 170.000 следбеници од болницата, споделувајќи две фотографии – едната на мотор, другата од болничкиот кревет.
View this post on Instagram
„Неверојатно сум среќна што сум жива. Со главата се забив во ѕид додека возев мотор и завршив на реанимација на Одделот за интензивна нега. Преживувањето на ова беше вистинско чудо“, напишала таа, предупредувајќи ги своите следбеници да возат внимателно.
„Сакав да го споделам моето искуство затоа што сега, повеќе од кога било, сум свесна дека моторите се моќни и возбудливи, но и немилосрдни. Ве молам, возете внимателно. Носете целосна заштита, особено вистинската кацига. Мојата ми го спаси животот.“
„Најдлабока благодарност до извонредниот тим на болницата Центар Хоспиталие Принцес Грејс за нивната професионална грижа во текот на тие клучни денови, како и до тимот на брзата помош и спасувачите на местото на несреќата, чии брзи и решителни реакции во тие први моменти ја направија пресудната разлика“, заклучила принцезата.
View this post on Instagram
Марија Каролина е најстарата ќерка на италијански аристократ, принцот Карло, војводата од Кастро, и неговата сопруга Камила Крочиани. Таа има помлада сестра, принцезата Марија Кјара (20), која ги носи титулите војвотката од Ното и Капри.
Во 2014 година, Марија Каролина имаше кратка улога во биографскиот филм за Грејс Кели, „Грејс од Монако“, со Никол Кидман во главната улога. Своето деби во високото општество го имаше во 2019 година на престижниот бал „Le Bal des Débutantes“ во Париз, каде што беше придружувана од принцот Леополд од Насау, син на принцот Гијом од Луксембург.