„ВЕТО“ НА РИМ КОН КИЕВ И други европски земји размислуваат за условување на својата поддршка?

Што значи потегот на Кросето во дипломатијата? Италијанскиот политичар инсистира дека одлуката нема да ја ослаби поддршката на Рим за Киев ниту иницијативата за „праведен мир“. Јутарни лист пишува дека одлукат била прашање на време и дека други европски земји ќе го следат овој пример.

655

Италија ќе бара стратегија на две ленти за воена поддршка на Киев, а тоа ќе биде поврзано со договорот за преговори, изјави италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето. Неочекуваната изјава ги отвори сомнежите дека и други европски земји ќе ја условуваат својата поддршка.

Гојко Дрљача за Јутарни лист анализира дека ова всушност било прашање на време:






„Беше само прашање на време кога некој важен од врвот на политиката во големите земји-членки на ЕУ ќе реши да направи важен чекор напред и да пренесе порака за потребата да се запре акумулацијата на човечки жртви и уништувања“.

„Фајненшл тајмс“ со умерен тон го опишува контекстот на неговата изјава. Според Дрљача интересно е да се види кои други европски политичари ќе го следат примерот на Кросето од Италија. Тој прашува и дали тоа ќе се случи со политичарите во Хрватска кои ќе бидат под притисок да ја усогласат сопствената политика.

Што значи потегот на Кросето во дипломатијата?

Италијанскиот политичар инсистира дека одлуката нема да ја ослаби поддршката на Рим за Киев ниту иницијативата за „праведен мир“. Но, тешко може да се каже дека Кросето е „руски играч“. Тој беше еден од најгласните кои заедно со премиерката Џорџа Мелони дадоа поддршка на Украина откако започна руската окупација.

Кросето истакна дека украинската противофанзива не ги дала посакуваните резултати.

– Мораме да бидеме реални и не можеме да ја игнорираме воената ситуација на теренот. Се чини дека дојде време за ефективни дипломатски дејствија – рече италијскиот министер додека пратениците одобрија нова билатерална помош за Киев.

И покрај овој услов од Италија за идна помош за Киев, Кросето предупреди дека напуштањето на Украина ќе има големи последици за европската безбедност.

 

 

Поврзани содржини