🎥 ИТАЛИЈАНКА СКРШИЛА НОГА НА ШАР ПЛАНИНА Во акцијата бил ангажиран хеликоптер на МВР

Во 16 часот спасувачкиот тим пристигнал на локацијата, по што повреденото лице било успешно извлечено и транспортирано до комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана медицинска помош поради скршеница на ногата.

308

Државјанка на Италија била повредена денеска на Шар Планина, по што била покрената спасувачка акција, во близина на Доброшките Езера.

Поради комплексноста и непристапноста на теренот за интервенцијата бил ангажиран хеликоптер од Министерството за внатрешни работи, заедно со спасувачки тим од специјалните единици.






Во 16 часот спасувачкиот тим пристигнал на локацијата, по што повреденото лице било успешно извлечено и транспортирано до комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана медицинска помош поради скршеница на ногата.

Во текот на целата спасувачка акција, дежурните оператори во Центарот за управување со кризи биле во постојана комуникација со лицата и во координација со ангажираните спасувачки служби.

Центарот за управување со кризи изразува благодарност до Министерството за внатрешни работи и до другите служби кои учествувале во успешното спасување.

Поврзани содржини