Италијанка имала ковид-19 уште во ноември 2019 година, велат истражувачите

528

Истражување на група научници од Универзитетот во Милано покажа дека девојка од северниот италијански град била заразена со коронавирус во ноември 2019 година, јавува Анадолу Агенција (АА).

Дваесет и пет годишната девојка имала атипичен дерматитис и биопсијата на нејзината кожа го покажала присуството на новиот коронавирус, е наведено  во истражувањето објавено на 7 јануари во „Британскиот магазин за дерматологија“.






Тоа би значело дека таа била „нулта-пациентот“ на коронавирусот во Италија.

Првиот официјален случај на зараза со коронавирус во Италија е регистриран кон крајот на февруари минатата година. Но, неодамнешните истражувања во Италија понудија докази за тоа дека вирусот се ширел многу порано отколку што првично се мислело, и дека бил присутен во Европа уште во текот на есента 2019 година.

Најновото истражување, координирано од Рафаеле Џаноти на Универзитетот во Милано, се заснова на биопсии на кожата извршени во текот на есента 2019 година.

Патологијата на кожата се прави кај помал број пациенти, односно помеѓу пет до 10 отсто ковид-пациенти.

Претходно истражување на италијански научници го покажа присуството на новиот коронавирус во грлото на четиригодишно момче, по направен брис на почетокот од декември 2019 година. Детето развило симптоми на настинка и грип во ноември, а потоа и осип сличен на сипаници на почетокот од декември.

Првата епидемија на ковид-19 беше пријавена во Вухан, Кина, во декември минатата година – иако кинеските власти признаа дека имало случаи од ноември, предизвикувајќи сомнеж за транспарентноста на официјалните податоци објавени во јавноста.

Уште едно истражување спроведено во Италија посочува дека коронавирусот можеби циркулирал во земјата уште од септември 2019 година.

Поврзани содржини