Италијанец кој го победил вирусот: Короната ми го смени животот! ВИДЕО
Ако сте болен, лекарите секојдневно ве прегледуваат, но вие имате минимален контакт со другите луѓе. Осамени сте, семејството и пријателите не можат да бидат покрај вас, вели Русо.
Италија се соочува со огромни проблеми со ширењето на коронавирусот, но и покрај тоа што пичинаа околу 7.500 Италијанци, сепак не е потсенувачка бројката од 9.362 излекувани пациенти.
Еден од нив е и 38-годишниот Фаусто Русо од градот Латина, кој по 5 дена на респиратор и по 10 дена во интензивна нега, успеал да ја победи болеста.
Тој решил својата приказна да ѝ ја раскаже на јавноста, па во вид на видео-обраќање ја објавил на Интернет.
– Коронавирусот ми помогна да ги ценам малите работи што претходно не ги ценев доволно. Човек да дише, да оди, да се гушка, да пие вино, претставуваат многу важни работи. Слободата е многу важна работа. Ако сте болен, лекарите секојдневно ве прегледуваат, но вие имате минимален контакт со другите луѓе. Осамени сте, семејството и пријателите не можат да бидат покрај вас. Ова искуство ми го смени животот – вели Русо.