ИТАЛИЈАНЦИТЕ ВЕЌЕ ЈА ОТПИШАА МАКЕДОНИЈА? Бонучи крои планови како ќе го удира Роналдо по нозете

Противник на Италија во полуфиналето од мартовскиот плејоф за Мундијалот 2022 е македонската репрезентација, додека Португалците ќе се сретнат со турската селекција.

1,415

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, зборуваше за можна средба меѓу репрезентациите на Италија и Португалија во баражот за Светското првенство во 2022 година.

– Сакам да им дадам подарок на моите деца, кои никогаш не ја виделе Италија на Светското првенство. Јас и Кристијано Роналдо се јавивме и се пошегувавме за можна средба во плеј-офот меѓу нашите екипи. Да видиме што ќе се случи на теренот, но Кристијано знае дека ќе добие неколку удари по нозете – изјави Бонучи во интервју за „Раи Спорт“.






Противник на Италија во полуфиналето од мартовскиот плејоф за Мундијалот 2022 е македонската репрезентација, додека Португалците ќе се сретнат со турската селекција.

Победниците ќе се борат за пласман на СП во Катар.

Поврзани содржини