ИТАЛИЈАНЦИТЕ СПРЕЧИЛЕ ХАКЕРСКИ НАПАД НА ЕВРОВИЗИСКИТЕ СЕРВЕРИ Полицијата ублажила неколку напади од руските хакери

Полицијата денеска соопшти дека за време на операциите за гласање и настапите на натпреварувачите, полицијата ублажила неколку сајбер напади врз мрежната инфраструктура од страна на хакерската група Килнет и нејзината подружница Легија.

234

Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10 мај и финалето на Евровизија во Торино на 14 мај, соопштија властите.

Полицијата денеска соопшти дека за време на операциите за гласање и настапите на натпреварувачите, полицијата ублажила неколку сајбер напади врз мрежната инфраструктура од страна на хакерската група Килнет и нејзината подружница Легија.






Украинскиот бенд „Калуш оркестар“ победи на Евросонг со песната „Стефанија.“

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, многу западни влади го зголемија нивото на тревога во очекување на можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.

Поврзани содржини