Италија: Уапсени 60 лица поради експлоатација на мигранти

Во полициската акција биле одземени и 14 фарми во Калабрија и Базиликати, во вредност од околу осум милиони евра.

179

Италијанската полиција денеска уапси 60 лица за кои постои сомнеж дека експлоатирале мигранти од Африка да работат на фарми, а притоа ги нарекувале „мајмуни“.

Во полициската акција биле одземени и 14 фарми во Калабрија и Базиликати, во вредност од околу осум милиони евра.






Како што се наведува, на фармите работеле стотина мигранти по 12 часа дневно за минимална дневница.

Во акцијата учествувале околу 300 припадници на полицијата.

Поврзани содржини