Италија повторно бележи повеќе од 100 смртни случаи на ден

Во Италија, во изминатите 24 часа починаа уште 117 лица како резултат на коронавирусот.

483

Тоа е мало зголемување во однос на претходниот ден, кога беа пријавени 78 починати, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Вкупниот број на лица кои го загубија животот достигна 33.072, соопшти агенцијата, што е трет најголем број на смртни случаи во светот, по Соединетите држави и Велика Британија.






Во Италија, во изминатите 24 часа биле заразени 584 лица, што е значително повеќе отколку во вторникот, кога имало 397 од нив, додава агенцијата.

Вкупниот број на заразени лица се зголеми на 231.139, а Италија е на шестото место во светот по бројот на заразени лица, по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија.

Бројот на заразени лица во моментов падна на 50.966 од 52.942 во претходниот ден, соопшти агенцијата.

На одделенијата за интензивна нега има 505 лица, што е мало намалување во однос на вчерашниот ден кога имало 521 од нив.

Според агенцијата од ковид-19 се излечиле 147.101 лица, додека вкупно се тестирани 2.291 милиони луѓе.

Поврзани содржини