ИТАЛИЈА НЕ ПРИЗНАВА ПЦР-ТЕСТОВИ НА ЗАТВОРЕНО Се воведува „суперзелен“ сертификат

Сертификатот ќе важи за сите хотели и угостители, ресторани, базени, спортски сали, изложби, верски или граѓански прослави, сите типови на јавен превоз, но и за групни активности на отворено.

753

Нов суперзелен сертификат од денеска ќе биде задолжителен во Италија до крајот на вонредната состојба на 31 март, а со него во затворени простории ќе можа да влегтуваат само оние кои прележале или кои се вакцинирани против коронавирусот, јавува МИА.

Сертификатот ќе важи за сите хотели и угостители, ресторани, базени, спортски сали, изложби, верски или граѓански прослави, сите типови на јавен превоз, но и за групни активности на отворено.






Одредбата за домашниот транспорт ги загрижи жителите на малите италијански острови, за кои фериботите и авионите се единствената врска со копното.

Граѓаните испратиле писмо до италијанскиот премиер Марио Драги, по што Владата одлучи дека може да има исклучок од правилото. За патување до и од малите острови, ќе важи обичен зелен сертификат издаден и по ПЦР или антиген-тест за коронавирус, но само доколку целта на патувањето е од здравствени причини или поради обука.

Поврзани содржини