Италија ги предупредува младите кои одат во Грција дека го ризикуваат здравјето поради ковид
На многу грчки острови, како што е Крф, присуството на странци кои биле позитивни на тестот е значајно и предизвикува одложувања и тешкотии за локалните здравствени власти да најдат соодветно сместување во ковид хотели, вели италијанското Министерство за надворешни работи.
Италијанското Министерство за надворешни работи ги предупредува туристичките компании што организираат патување во Грција за 400 млади Италијанци, почнувајќи од петокот, дека преземаат „здравствен ризик“ поради ковид-19.
– Секое движење, во овој период, може да повлече ризик по здравјето – велат од одделот за кризи на Министерството, јави италијанската новинска агенција АНСА.
– На многу грчки острови, како што е Крф, присуството на странци кои биле позитивни на тестот е значајно и предизвикува одложувања и тешкотии за локалните здравствени власти да најдат соодветно сместување во ковид хотели – велат надлежните.
Министерството, исто така, ги повика организаторите на патувањето да ги информираат семејствата на младите и предупреди на можни дополнителни трошоци за патувањето.