Италија е погодена и од смртоносна бактерија која ги убива маслинките и за која нема лек

868

Смртоносна бактерија ги напаѓа насадите со маслинки во Европа, а штетата се проценува дека ќе изнесува повеќе од 20 милијарди евра.

Бактеријата Xylella fastidiosa досега има уништено голем дел од насадите со маслинки во Италија, а оваа опасност им се заканува и на Шпанија и на Грција.






Xylella се смета за најопасен патоген за растенијата во светот. Досега нема лек за оваа инфекција. Може да ги погоди црешите, бадемите и сливите исто како и маслиновите дрвја.

Ја шират инсекти кои вшмукуваат сок и плукаат. Инфекцијата го онеспособува дрвото да ги движи водата и нутритиентите и со тек на време со суши и умира.

Во Италија последиците од оваа болест се големи, околу 60% од насадите се уништени од појавата на болеста во 2013 година досега.

– Оштетувањето на маслинките исто така ја намалува и цената на земјата и ги уништува туристичките атракции во овој регион. Има лошо влијание врз локалната економија и вработеноста во агрикултурата – вели д-р Марија Сапонари од Институтот за одржлива заштита на растенијата во Италија.

Освен во Италија, оваа бактерија е најдена и во Шпанија, Франција и во Португалија.

Колкави и да бидат штетите, тоа ќе се одрази и врз џебот на купувачите.

– Очекувана последица е дека ќе има недостиг на масло, како и дека ќе се зголеми неговата цена – вели д-р Кевин Шнајдер од Универзитетот Вагенинген од Холандија, кој заедно со други колеги направи студија за проценките за штетите од оваа инфекција.

 

Поврзани содржини