📽️ ИСТРЕЛИ И ПОЖАР ВО ШАТОР ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ Едно лице уапсено и едно рането пред закажаната седница
На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје. Веднаш реагираше полицијата по што е приведено едно лице.
Пожар избувна претпладнево пред српскиот Парламент во Белград каде се поставени шатори. На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје.
Веднаш реагираше полицијата по што е приведено едно лице.
Според Мондо, уапсен е 70-годишниот Владан А. под сомнение дека пукал и го ранил Милан Б. (57). Се наведува дека Владан А. пукал, потоа запалил шатор пред Собранието и фрлил неколку куршуми во огнот.
Милан Б. наводно е ранет во бутот и неговиот живот не е во опасност. Се наведува дека обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград излегол на местото на настанот за да изврши истрага.
Пожарникарите го гаснат пожарот со три возила. Засега не се знае причината за пожарот во шаторите кои ги поставија студенти кои се спротиставуваат на блокадите.
Српските пратеници днееска треба да гласаат за 48 точки од дневниот ред.
Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19
Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October 22, 2025