ИСТРАЖУВАЊЕ: ПАНДЕМИЈАТА ГИ ЗДЕБЕЛИ ДЕЦАТА Најмногу дебели деца на возраст од 5 до 11 години

Нова студија објавена во списанието JAMA, покажала дека дебелината кај децата значително се зголемила за време на пандемијата на ковид-19.

221

Според новата студија објавена во петокот во списанието JAMA, дебелината кај децата значително се зголемила за време на пандемијата на ковид-19, а најголемата промена се случила кај децата на возраст од 5 до 11 години.

„Кај децата на возраст од 5 до 11 години, индексот на телесна маса (БМИ) се зголеми за 1,57 и преваленцата на дебелина од 36,2 на 45,7 проценти“, се вели во извештајот на студијата.






Некои експерти изразиле загриженост дека тоа ќе се случи кога ќе се почне со учењето на далечина. На децата им недостасуваат одредени дневни физички активности, како што се физичко образование и здравствена едукација, и постојат разлики во оброците што се служат дома и на училиште. Сега кај децата е видливо значително зголемување на телесната тежина што ќе биде тешко да се изгуби.

Една студија во мај покажала слични резултати откако истражувачите измериле БМИ за околу 300.000 деца на возраст од 2 до 17 години. Во просек, преваленцата на дебелина се зголемил за околу два процентни поени, достигнувајќи дури 15,4 проценти.

„Ова не е бебешко сало што само ќе исчезне. Затоа е алармантно”, вели за Њујорк Тајмс, педијатарот Брајан Џесен, главен автор на мајската студија.

Препораката на новата студија е да се продолжи со следење на развојот на децата, односно дали бројот на дебели деца продолжува да расте, стагнира или почнува да опаѓа, така што давателите на здравствени услуги да можат да одредат каква интервенција би била потребна за сузбивање на какви било долгорочни ефекти.

За студијата се користени податоци од здравствените картони на деца од Јужна Калифорнија, во сооднос од 50 проценти момчиња и 50 проценти девојчиња.

Фото: Freepik

Поврзани содржини