Истражување: Не функционира „имунитетот на стадото“ во битката со ковид-19

Во писмото објавено во магазинот „Ју-ЕС-Еј Тудеј“ (USA Today), шведските научници апелираат до другите држави и влади да „не прават како Шведска“.

428

Група шведски научници упатија апел до владите да не се потпираат на „имунитетот на стадото“, мерка што Шведска ја презеде како одбрана од пандемијата со Ковид-19. Потписниците на писмото тврдат дека таквата мерка се покажала како неделотворна и промашена.

Во писмото објавено во магазинот „Ју-ЕС-Еј Тудеј“ (USA Today), шведските научници апелираат до другите држави и влади да „не прават како Шведска“.






Шведските власти наместо карантин како заштита од ширењето на новиот коронавирус, се потпреа на совеста на граѓаните, воведоа ограничување на собирите, но отворени останаа сите структури.

Шведските научници тврдат дека во земјата има 4,5 пати повеќе инфицирани луѓе со Ковид-19 отколку во другите нордиски држави и седумпати повеќе смртни случаи на милион граѓани во споредба со соседните земји.

И покрај големиот број на заразени властите не ги сменија мерките, па вкупниот број на инфицирани лица во Шведска изнесува 75.000, од кои 5.600 починаа од последици од новиот коронавирус.

Научниците предупредуваат дека во иднина можно е зголемување на бројките на новозаболени и на смртни случаи.

Поврзани содржини