ИСТРАЖУВАЊЕ НА 476.000 ВОЗРАСНИ Изложеноста на тутун пред раѓањето и за време на детството може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2
Раната изложеност на тутун, за време на бременоста или во детството и адолесценцијата е силно поврзана со појава на дијабетес тип 2 подоцна во животот. Сепак, усвојувањето здрав начин на живот подоцна во зрелоста може да го ублажи ризикот од дијабетес тип 2, без оглед на раната изложеност на тутун.
Според новата сеопфатна опсервациска студија заснована на податоци од приближно 476.000 возрасни лица, раното изложување на тутун, без оглед дали станува збор за изложеност за време на бременоста или за време на детството и адолесценцијата, е силно поврзано со појавата на дијабетес тип 2 подоцна во животот.
Иако резултатите допрва треба да бидат подложени на стручна рецензија, тие биле претставени неодамна на годишните научни сесии на Американското кардиолошко здружение во Чикаго.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.