ИСТРАЖУВАЊЕ: ДИЕТАЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ ОТВОРААТ АПЕТИТ Вештачките засладувачи предизвикуваат дебелеење – особено кај жените
Знаеме дека не сакате да го слушнете тоа, но научниците сметаат дека е време: Вештачките засладувачи во соковите можат да го стимулираат апетитот, открива нова студија.
Новата студија опфатила 74 возрасни, сите непушачи, на кои не им било дозволено да бидат на диета или да имаат историја на нарушувања во исхраната или некоја медицинска состојба. Групата била поделена на две групи, од кои половина од испитаниците добиле пијалаци базирани на вештачки шеќер, додека другите добиле пијалaци засладени со вештачки засладувач (Сукралоза). Сите тие исто така добиле и вода.
Истражувачите ја следеле стимулацијата на апетитот на три начини. Ги разгледале резултатите од МРИ снимањата за да го следат невролошкиот одговор на желбата за храна, го набудувале шеќерот во крвта и нивото на хормоните и го следеле однесувањето на испитаниците пред шведска маса, два часа откако ги испиле пијалаците. Резултатите покажале дека мажите внесуваат приближно ист број калории без разлика што пијат, но кај жените се случувало нешто друго – тие консумирале голем број калории доколку испиле пијалак со вештачки засладувач пред оброкот. Интересно, нели?
Истражувањата откриле дека учесниците во студијата, кои биле карактеризирани како дебели, покажуваат поголема стимулација на апетитот.
Откривме дека жените и луѓето кои страдаат од дебелина имаат поголема активност во мозокот кога очекуваат награда, а по консумирањето на пијалаци кои содржат вештачки засладувачи, објаснила Кејти Пејџ, авторката на студијата.
Станува збор за тоа дека жените и дебелите луѓе доживуваат намалување на количината на лептин, хормон што го намалува апетитот, по консумирањето на засладени пијалаци, објаснила таа.
„Мислам дека најголемото изненадување е влијанието на телесната тежина и полот. Ова се важни фактори во начинот на кој мозокот реагира на вештачките засладувачи“, додава таа.
Научниците и натаму советуваат да се избегнуваат секакви засладени пијалаци, но професорката по медицина Лора Шмит смета дека луѓето кои имаат проблеми со слабеењето би можеле да избегнуваат такви пијалаци неколку недели за да видат како ќе реагираат. Вештачките засладувачи можат да влијаат на мозокот на дебелите луѓе и да ги поттикнат да сакаат уште калорични намирници.
Фото: Pexels