Истражувања покажаа дека Европа, а не Кина, е најодговорна за ширењето на ковид-19 (ИНФОГРАФИК)
Имено, научниците откриле дека Велика Британија и Европа имале премногу слаби и предоцна воведени ограничувања на патувањата, што довело до ширење на пандемијата низ САД и другите делови на светот.
Генетичарите од англискиот универзитет „Huddersfield“ и португалскиот универзитет „Minho“ ја мапираа дистрибуцијата на ковид-19 низ целиот свет и открија дека Европа е главниот извор на ширење на пандемијата.
Студијата покажа дека, иако вирусот првично потекнува од Кина, Европа е онаа од која најмногу се шири во другите области. Имено, научниците откриле дека Велика Британија и Европа имале премногу слаби и предоцна воведени ограничувања на патувањата, што довело до ширење на пандемијата низ САД и другите делови на светот.
Откако анализирале 26.869 вирусни геноми, земени од примерок од целиот свет, тие открија дека коронавирусот се шири низ целиот свет од Европа, иако првично потекнува од Кина.
Вирусот „А1а“ беше откриен за прв пат во Италија на 20-ти февруари
– Графиконите покажуваат дека од крајот на февруари и почетокот на март, Европа беше извор на огромното мнозинство на нови секвенци снимени во Европа, Северна Америка, Океанија и Јужна Азија. Трансмисиите поврзани со „А1а“ и нејзините подгрупи претставуваат мнозинство на секвенционирани геноми на САРС-КоВ-2 на повеќето континенти, вклучувајќи ги Африка (83%), Северна Америка (68%), Јужна Америка (87%) и Океанија (претежно Австралија 60%) – наведуваат научниците во студијата.
– Видот „А1а“ беше откриен во Италија на 20 февруари 2020 година. Спротивно на тоа, Кина немаше никакво учество во неговото ширење. Повеќето нови случаи во Источна Азија во тој период, со случаи од 2 март до 16 април, припаѓаа на оваа подгрупа, што укажува на миграции на вирусот од Европа во Источна Азија, понекогаш преку Северна Америка – се вели во студијата.
Студијата наречена „Phylogeography of 27,000 SARS-CoV-2 Genomes: Europe as the Major Source of the COVID-19 Pandemic“ е објавена во списанието „Microorganisms“.