ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МИ Е ПРИОРИТЕТ, АМА НЕ СЕ МЕШАМ Мицкоски не дава политички коментари за трагедијата, бара политиката да се тргне настрана

Јас не би се плеткал и вклучил во политичка реторика, да давам коментар на овие политички лепинари кои се обидуваат да заштитат криминогено однесување на претходни официјални лица во некои министерства, вели премиерот Христијан Мицкоски.

192

Обвинителството ја води истрагата, не Владата, а Министерствоти за внатрешни работи постапува по барање на Јавното обвинителство, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан да ги коментира обвинувањата дека се води селективна истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Тоа што Обвинитекството го има како барање, МВР го исполнува во истиот момент. Јас нема да се мешам во истрагата. Не сум се јавил на телефон, не сум комуницирал со некој обвинител, да не излезе премиерот врши притисоци итн. Брифотран сум редовно од министерот за внатрешни работи, ова е прв приоритет за мене во Владата. Јас не би се плеткал и вклучил во политичка реторика, да давам коментар на овие политички лепинари кои се обидуваат да заштитат криминогено однесување на претходни официјални лица во некои министерства. Обвинителството, а потоа судивите треба да го кажат последниот збор. Апелирам до сите политички чинители да ги остават обвинителите и судиите да си ја сработат работата – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини