ИСТРАГАТА СЕ ШИРИ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА Под сомнение и градоначалникот на Кран-Монтана

Обвинителството во кантон Вале ја прошири истрагата за трагичниот пожар во барот „Констелејшн“, во кој загинаа 41 лице, а повеќе од сто беа повредени.

147

Обвинителството во швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека истрагата за пожарот во ноќен клуб во Кран-Монтана е проширена и сега опфаќа пет актуелни и поранешни локални функционери, меѓу кои и градоначалникот Николас Феро.

Семејствата на жртвите од пожарот во барот „Констелејшн“, во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени, посочуваат дека градоначалникот на Кран-Монтана, Феро, сноси дел од одговорноста поради наводната пасивност во врска со непочитувањето на мерките за заштита од пожари во градот.






Според досегашните наоди од истрагата, пожарот бил предизвикан од прскалки и пиротехнички средства кои го запалиле таванот на барот.

Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, ги негираат обвинувањата, истакнувајќи дека објектот бил инспектиран трипати – во 2016, 2018 и 2019 година – и дека тогаш не биле утврдени поголеми неправилности.

Досега, против семејството Морети, како и против шефот на безбедносните служби на Кран-Монтана и неговиот претходник, е покрената истрага за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди и предизвикување пожар од небрежност.

Во меѓувреме, адвокатите на семејствата на жртвите побараа истрагата да се прошири и да ја опфати целата градска администрација.

Поврзани содржини