Истрага за силување во Делчево

379

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за силување.

Како што соопшти од Oбвинителството осомничениот на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.






– Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот, па на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, велат од Обвинителството.

Поврзани содржини