ИСТРАГА ПРОТИВ БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР ПОРАДИ НАВОДЕН КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ Сунак не го пријавил уделот на сопругата во компанијата

Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“.

377

Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси.

Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“.






Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима владините грантови.

Доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. Во посериозни случаи, прашањето може да се достави до Одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на платата.

Риши со години е во брак со Акшат Мурти.

Акшата Мурти е исклучително успешна деловна жена, која во 2013 година стана директорка на фондот „Catamaran Ventures“. Таа, исто така, има акции во два ресторани на Џејми Оливер и е побогата од нејзиниот сопруг, премиерот.

Инаку, се проценува дека целото богатство на брачната двојка вреди околу 730 милиони фунти, а самата Ашхата има дури вртоглави 500 милиони фунти на сметката, што ја прави повеќе од двојно побогата од нејзиниот сопруг, но и од кралот Чарлс.

Поврзани содржини