ИСТОРИСКИ СКОК НА ВОЛСТРИТ ПО ОДЛАГАЊЕТО НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Пораснаа и европските берзи
За S&P 500, тоа е најголемиот дневен скок од глобалната финансиска криза во 2008 година и трет најголем од Втората светска војна.
На Волстрит, S&P 500 скокна за 9,5%, што е негова најголема дневна добивка во последните 17 години, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи спроведувањето на дополнителните царини за сите земји освен Кина.
Индексот Dow Jones се зголеми за 7,87%, на 40.608 поени, додека S&P 500 скокна за 9,52%, на 5.456 поени, а индексот Nasdaq порасна за 12,16%, на 17.124 поени.
За S&P 500, тоа е најголемиот дневен скок од глобалната финансиска криза во 2008 година и трет најголем од Втората светска војна. За Nasdaq, тоа е најголемиот скок од „dotcom“ кризата во 2001 година и втор најголем во историјата.
Во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа, а меѓу најголемите добитници беше технолошкиот сектор со раст од над 14%.
Во исто време, цените на акциите на технолошките гиганти Apple, Nvidia и Tesla, кои драстично паднаа во претходните денови, скокнаа меѓу 15 и 22%.
Благодарение на одложувањето на царините, индексот „страв“ VIX, кој во претходните денови беше на највисоко ниво од 2020 година и кризата со корона, вчера нагло падна од 58 на 33 поени.
И на европските берзи, кои беа затворени пред објавата на Трамп, вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,92%, на 7.679 поени, додека франкфуртски DAX потона за 3,00%, на 19.670 поени, а париски CAC 3,34%, на 6.863 поени.