ИСТОРИСКИ РЕКОРД ЗА ОКЕАНИТЕ Температурата на водата во април изнесуваше 21 степен

Климатолозите очекуваат зголемување на температурата на водите во океаните во наредните години.

241

Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.

Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога температурата на океаните во овој период од годината била 21 степен, пишува Гардијан.






– Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а се чини дека бројките ќе бидат уште повисоки – изјави климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.

Поврзани содржини