ИСТОРИСКИ ПОТЕГ НА ВЛАСТА Стоковите резерви ќе се полнат со 9.000 тони пченица од домашно производство

Ова претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, што го потврдува стратешкиот приоритет на Владата за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.

94

За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители, инфромира ВМРО-ДПМНЕ, откако е објавен повик за откуп на 9.000 тони пченица од домашно производство.

– Наместо од трговци, кои препродаваа српска пченица, на што ставаа дебели маржи, сега парите и профитот ќе одат директно кај македонскиот земјоделец. Објавен е повикот за откуп на домашна пченица од реколтата 2025 година за потребите на државните стоковни резерви. Ќе се откупат 9.000 тони пченица по цена 13 денари за килограм од регистрираните производители на земјоделски производи- велат од партијата.






Оттаму оценуваат дека ова претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, што го потврдува стратешкиот приоритет на Владата за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.

– Државата повеќе не е каса за бизнис зделки за поединци, туку сервис за сите, каде парите завршуваат кај народот и вистинските земјоделци. Македонија испишува нова, позитивна и убава историја како за државата, така и за македонските земјоделци. Се вреднува и се исплаќа трудот и маката на земјоделците и со македонски производи се полнат државните резерви.

За прв пат во историјата, државните стоковни резерви се полнат со пченица купена од земјоделците производители.

 

Поврзани содржини