ИСТОРИСКИ ОДЅИВ, ЗА 12 ЧАСА СОБРАВМЕ 28.000 ПОТПИСИ ЗА ДАВКОВА! Имаме обврска да ја оправдаме таа доверба, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ
Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина – рече портпаролката Митева.
Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одѕив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа – рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
– Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред сè е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!
Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.
На Македонија ѝ се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните – рече портпаролката Митева.