ИСТОРИСКИ МОМЕНТ Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ Мицкоски најави договор со туроператор кој ќе носи гости вон сезоната

Врз основа на досегашната соработка со спомнатиот туроператор, анализите покажуваат дека гостите коишто тие ги носат дневно трошат просечно околу 170 евра вклучително со сместување и останатите трошоци.

227

Како историски момент за Охрид и за охридското крајбрежје и за останатите општини коишто тука гравитираат, го оцени премиерот Христијан Мицкоски почеоткот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

– Со оваа реконструкција на охридскиот аеродром се зголемува самиот капацитет, квалитет и се надевам дека во рамките на предвидениот рок тоа ќе биде завршено. Би сакал да изразам големо задоволство што во првите два месеци од годината на скопскиот аеродром имаме зголемување од 30% на патници, на охридскиот аеродром околу 20% на патници. Кога сето ќе се спореди со некои минати времиња, очекуваме двоцифрен процент раст оваа година на патници на двата аеродрома, и на скопскиот и на охридскиот – рече Мицкоски.






Тој нагласи дека се разговара и се работи со голем број туроператори коишто организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје.

– Со еден сме веќе во завршна фаза на преговори, мислам и дека веќе сме и пред потпишување, односно случување договор. Станува збор за туроператор којшто надвор од сезоната, условно кажано, иако се трудиме сезоната да биде 365 дена овде, надвор од летната сезона, треба да донесе некаде вкупно околу половина милион ноќевања – најави Мицкоски.

Врз основа на досегашната соработка со овој туроператор, анализите покажуваат дека гостите коишто тие ги носат дневно трошат просечно околу 170 евра вклучително со сместување и останатите трошоци. Тоа, според Мицкоски, значи дека надвор од сезоната би имале само во туризмот и угостителството на охридското крајбрежје отприлика околу 85 милиони евра.

Според него, тоа е можност за хотелиерите и за угостителите да го задржат персоналот и за периодот надвор од летната туристичка сезона, а треба да се зголемат и сместувачките капацитети во случај да дојдат повеќе туристи од Скандинавија, Обединетото Кралство, Германија, Франција, итн. на охридското крајбрежје.

Поврзани содржини