ИСТОРИСКИ МОМЕНТ 30 земји го потпишаа приемниот протокол на Шведска и Финска во НАТО

Протоколот значи дека Финска и Шведска можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на Алијансата дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите, сѐ до ратификацијата. Процесот на ратификација може да потрае и до една година.

103

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапните протокол за Финска и Шведска со што е овозможено тие да и се придружат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката.

– Ова е добар ден а Финска и за Шведска и добар ден за НАТО. Ова навистина е историски момент, со 32 нации на маса ќе бидеме уште посилни, а нашите луѓе ќе бидат уште посигурни додека се соочуваме со најголемата безбедносна криза во изминатите децении – истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.






Протоколот значи дека Финска и Шведска можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на Алијансата дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите, сѐдо ратификација. Процесот на ратификација може да потрае и до една година.

Поврзани содржини