ИСТОРИСКИ ИЗБОР НА ПРВА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Честитка од Агелер за Силјановска Давкова

Анџела Агелер во честитката објавена на Твитер го оцени како историски изборот на првата жена претседател на Македонија и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.

779

Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

Таа во објавата на Твитер го оцени како историски изборот на првата жена претседател на Македонија и нагласи дека САД продолжуват со поддршка на целосната евроинтеграција на земјава.






– Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат целите за просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја – стои во пораката на Агелер.

Поврзани содржини