ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА 11.000 вработени ќе добијат покачување од речиси 40% до 2028 година

Ваква вин-вин комбинација можеме да го направиме со зрело работење и доверба која мислам дека со одредени структури во синдикатите Владата ја има и ја гради, но има структури кои никако да излезат од прегратките на некои политички партии. Јас сум задоволен, очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму, рече премиерот Христијан Мицкоски.

767
Околу 11.000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што го постигнаа нејзините репрезентативни синдикати со Владата. Договорот ќе трае до 2028 година и за негова реализација ќе бидат потребни нешто над 10 милиони евра.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по средбата во Владата со репрезентативните синдикати на администрацијата, оцени дека постигнатиот Договор е храбар, историски чекор, но и напомена дека, како што Владата ќе го регулира зголемувањето на платите, така очекува и администрацијата да испорача подобри услуги за граѓаните и бизнисот.

Според Мицкоски, Договорот треба да се операционализира преку индивидуални договори.

– Со ова, Владата, како најголем работодавач, целосно воспоставува Договор со рок на траење до 2028 година и ги има регулирано односите со колегите во институциите. Ова е историски момент зашто досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите за да дојдеме до некое достоинствено ниво. Ова се тие храбри чекори што ги правиме, дури и во услови на светски и домашни предизвици кои влијаат на економијата, со домаќинско зрело и одговорно работење – истакна премиерот.

Тој потсети дека Општиот колективен договор е истечен, напоменувајќи дека Владата е подготвена да седне заедно со ССМ и КСС да испрегповара нов Општ колокетивен договор, како единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите.

– Ваква вин-вин комбинација можеме да го направиме со зрело работење и доверба која мислам дека со одредени структури во синдикатите Владата ја има и ја гради, но има структури кои никако да излезат од прегратките на некои политички партии. Јас сум задоволен, очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму – рече Мицкоски.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, денеска, пред средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Владата на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека по скоро две години, вработените во управата и правосудството успеале да го добијат тоа што го барале и за кое преговарале скоро две години.

Поврзани содржини