ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СО ГРЦИЈА НЕ ЗАВРШИЛА МНОГУ РАБОТА Ќе се сретнат ли Муцунски и Герапетритис во Њујорк?

Меѓу приоритетите на агендата на МНРиНТ, денови по средбите во Брисел на 18 и 19 септември е и присуство на Генералното собрание на Обединетите Нации кадешто, неофицијално, е договорена средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција.

601

Факт е дека Историската комисија со Грција досега не завршила многу работа, а наскоро ќе бидат сменети дел од нејзините членови, вели извор од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија(МНРиНТ).

Изворот не открива кои и колку членови ќе бидат сменети, а кои ќе останат, правејќи споредба со Историската комисија со Бугарија во чиј нов состав останаа тројца членови кои во различни периоди биле во комисијата, меѓу кои еден од претходниот состав.






Меѓу приоритетите на агендата на МНРиНТ, денови по средбите во Брисел на 18 и 19 септември е и присуство на Генералното собрание на Обединетите Нации кадешто, неофицијално, е договорена средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција.

 

Поврзани содржини