ИСТОРИСКА ОДЛУКА ЗА МПЦ-ОА Премиерот му честиташе на поглаварот

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на МПЦ, наследничка на древната Охридска архиепископија.

93

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и му честиташе за радосната вест за одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија со која МПЦ-ОА се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на МПЦ, наследничка на древната Охридска архиепископија.






Со оваа одлука на Вселенската патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви.

Ковачевски посочи дека оваа историска одлука е донесена кога оваа генерација архијереи раководи со МПЦ-ОА и со православното свештенство, монаштво и со православниот народ и дека е донесена со интензивна комуникација со Вселенската патријаршија во последните 4 години, во која со свој придонес учествуваа и претставници на Владата на Северна Македонија.

Во таа насока беше и писмото на премиерот Ковачевски на почетокот на неговиот мандат до патријархот на Цариградската патријаршија, неговата светост Вартоломеј, во кое тој уште еднаш повика МПЦОА да биде примена во евхаристичко единство со Мајката Црква како решение на ова долгогодишно црковно прашање во нашата земја, се наведува во сооопштението од Владата.

Поврзани содржини