Бугарското вето имаше премолчена поддршка од ЕУ, вели историчарот Далибор Јовановски за ТВ 24.
Тој е убеден дека зад официјална Софија стојат и други земји и се повика на изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева која тврди дека не сите земји-членки на ЕУ сакаат да ја видат Македонија во Унијата.
– И да била Бугарија под некаков притисок, можеби не е толкав колку посакуваат македонската влада и македонските граѓани. Секогаш мора да имаме во предвид дека сè додека Борисов е премиер на Бугарија, а ЦДУ е на власт во Германија, ГЕРБ и ЦДУ ќе имаат извонредни односи. Десни партии, но, пред сè, извонредни односи – рече Јовановски.